ООУ “Христо Узунов” - Другово
Содржина
Општи податоци за училиштето
ООУ “Христо Узунов” е основано со Одлука на Собранието на Општина Кичево на 01.09.1962 година. Училиштето има својство на правно лице и е запишано во судскиот регистер на Окружниот стопански суд - Скопје под ц. рег. 8262/94. Училиштето е раздружено од РО “11 Септември” 1992 година, а е потврдено со акт на Владата на Република Македонија 8262/94 од 23.04.1995 година и запишано во регистарот за основни училишта кај Министерството за образование и наука под број 10-21/6 од 28.04.1995 година. Седиштето на училиштето е во село Другово во чиј состав влегуваат и подрачните училишта во селата Србјани, Брждани и Подвис.
Во ООУ “Христо Узунов” – Другово, настава посетуваат ученици од прво до деветто и од селата кои гравитираат на територијата на поранешната општина Другово и тоа: Другово, Пополжани, Подвис, Добреноец, Брждани, Свињишта, Белица, Козица, Цер, Србјани и Манастирско Доленци.
До 16.08.1994 година нашето училиште го носеше името ЦОУ “Слобода”, а потоа е преименувано во ЦОУ “Христо Узунов”. Училиштето е збратимено со ОУ “Христо Узунов” - Охрид.
Од историското минато важно е да се напомене дека на територијата на поранешна општина Другово, односно во село Подвис на 30.09.1943 година започна со работа првото училиште на македонски мајчин јазик.
Вработени
Директор
Билјана Анѓелеска - професор по одделенска настава
Стручни соработници
Стручните соработници во училиштето извршуваат разни активности во текот на учебната година како:
- запишување на учениците и следење на нивниот развој во училиштето;
- реализација на активности со учениците;
- професионална ориентација/кариерен развој на учениците;
- учество во планирање на воспитно-образовна работа на ниво на училиште;
- поддршка во планирање и реализација на наставата;
- поддршка на стручните активи на наставниците во избор и создавање на дидактички средства и материјали;
- поддршка на наставниците за работа со учениците;
- поддршка на наставниците за водење на педагошката документација и евиденција;
- развивање на програми за унапредување на работата на училиштето (подобрување на резултатите и постигањата на учениците, инклузија, интеграција, интерклутура, демократско учество во работата на училиштето и сл.);
- развивање постапки и инструменти за следење и вреднување на постигањата на учениците и самовреднување на училиштето;
- учество во планирање, организирање и реализација на сопствениот професионален развој и на професионалниот развој на воспитно-образовниот кадар во училиштето, соработка и работа со родители/старатели;
- поддршка на работата на училишна заедница на учениците;
- примена на прописите за остварување на правата и должностите на учениците, напредувањето и изрекувањето на педагошки мерки;
- организирање на педагошка и методска практика на студенти;
- организирање и водење на работата на училишната библиотека;
- водење на професионални досиеја и
- вршење на други работи определени со годишната програма за работа.
Име | Презиме | Раб. место | |
---|---|---|---|
1 | Оливера | Е. Илиевска | Педагог |
2 | Јасмина | Дејаноска | Психолог |
3 | Цвете | Наќеска | Дефектолог |
4 | Дафинка | Сталеска | Библиотекар |
Наставен кадар
Одделенска настава
ЦЕНТРАЛНО УЧИЛИШТЕ
Име | Презиме | Одделение | |
---|---|---|---|
1 | Милчо | Данилоски | Прво |
2 | Жаклина | Матеска | Второ |
3 | Сузана | Данилоска | Трето |
4 | Жаклина | Стојановска | Четврто |
5 | Светлана | Ѓорѓијоска | Петто |
Подрачни училишта
ПУ БРЖДАНИ (Комбинирана паралелка од IV и V)
Име | Презиме | Одделение | Предмет | |
---|---|---|---|---|
1 | Катерина | П. Миноска | IV и V | Одделенска настава |
2 | Антица | Крстеска | IV и V | Англиски јазик |
3 | Владимир | Сарџоски | IV и V | ФЗО |
4 | Дејан | Стојкоски | IV и V | Природни науки |
5 | Даниел | Божиноски | IV и V | Музичко образование |
6 | Борче | Никоски | V | Техничко образование и информатика |
7 | Александар | Трајаноски | V | Техничко образование и информатика |
ПУ СРБЈАНИ (2 комбинирани паралелки: [I, II, III] и [IV, V])
Име | Презиме | Одделение | Предмет | |
---|---|---|---|---|
1 | Јулијана | Штерјоска | I, II и III | Одделенска настава |
2 | Јованка | Алексоска | IV и V | Одделенска настава |
3 | Биљана | Алексоска | I - V | Англиски јазик |
4 | Владимир | Сарџоски | I - V | ФЗО |
5 | Дејан | Стојкоски | IV и V | Природни науки |
6 | Даниел | Божиноски | IV и V | Музичко образование |
7 | Борче | Никоски | V | Техничко образование и информатика |
8 | Александар | Трајаноски | V | Техничко образование и информатика |
ПУ ПОДВИС (паралелката е во мирување)
Име | Презиме | Одделение | Предмет | |
---|---|---|---|---|
1 | / | / | / | / |
Совет на одделенски наставници
Советот на одделенските наставници го сочинуваат одделенските наставници, предметните наставници кои се вклучуваат во реализацијата на наставата од прво до петто одделение и стручните соработници на училиштето. Советот на одделенските наставници ги разгледува годишната програма за работа и планирањето на наставата, воспитно-образовните проблеми по одделенија, подготвува програма за работа со талентираните ученици, односно за учениците кои потешко напредуваат, предлага и одлучува за воспитните мерки и врши други работи утврдени во статутот на училиштето.
Предметна настава
Име | Презиме | Предмет | |
---|---|---|---|
1 | Ивана | Витанска | Македонски јазик |
2 | Емилија | Антоска | Македонски јазик |
3 | Јасминка | Јованоска | Математика |
4 | Александра | Костадиноска | Математика и физика |
5 | Елисавета | С. Делевска | Англиски јазик |
6 | Биљана | Алексоска | Англиски јазик |
7 | Катерина | Лазороска | Германски јазик |
8 | Дејан | Стојкоски | Природни науки |
9 | Размена | Стојкоска | Биологија и хемија |
10 | Виолета | Петкоска | Историја и граѓанско образование |
11 | Ана | Станкоска | Географија |
12 | Александар | Трајаноски | Техничко образование и информатика |
13 | Борче | Никоски | Техничко образование и информатика |
14 | Даниел | Божиноски | Музичко образование |
15 | Јасмина | Дамческа | Ликовно образование |
16 | Миланка | Ж. Цветкоска | ФЗО |
17 | Владимир | Сарџоски | ФЗО |
Совет на предметни наставници
Советот на предметните наставници го сочинуваат предметните наставници што ја изведуваат наставата од шесто до деветто одделение и стручните соработници на училиштето. Советот на предметните наставници ги разгледува годишната програма за работа и планирањето на наставата, воспитно-образовните проблеми по одделенија, подготвува програма за работа со талентираните ученици, односно со оние кои потешко напредуваат, одлучува за воспитните мерки и врши други работи утврдени во статутот на училиштето. Одделенскиот, односно раководителот на паралелката ја остварува програмата за часот на одделенската заедница, ги анализира воспитните и наставните резултати на одделението, се грижи за решавање на воспитните и наставните проблеми на одделни ученици, соработува со родителите и стручните соработници на училиштето, предлага и одлучува за воспитните мерки и врши други работи утврдени во статутот на училиштето.
Наставнички совет
Наставничкиот совет на основното училиште го сочинуваат одделенските и предметните наставници и стручните соработници на училиштето. Наставничкиот совет го свикува и со него претседава директорот.
Наставничкиот совет на основното училиште ги извершува следните активности:
- Дава мислења по предлогот на прогамата за развој и на годишната програма за работа и го следи нејзиното извршување;
- Го разгледува и утврдува успехот на учениците и работата на други стручни органи;
- Им одобрува на учениците побрзо напредување во основното училиште;
- Го разгледува остварувањето на наставниот план и програмите и презема мерки за нивно извршување;
- Донесува одлуки по приговори на учениците за утврдени оценки;
- Го разгледува извештајот од реализација на годишната програма за работа, од самоевалуација, од извршената интегрална евалуација и предлага соодветни мерки, расправа и одлучува за стручни прашања поврзани со воспитно-образовната работа;
- Дава мислење за годишниот финансиски план на училиштето;
- Избира претставници во училишниот одбор;
- Дава мислење за планирањето, реализацијата и вреднувањето на постигањата во наставата и учењето;
- Го разгледува годишниот извештај за работа на наставниците и стручните соработници и Националниот извештај за работа на наставниците и стручните соработници и предлага соодветни мерки;
- Дава предлози за напредување на наставниците и стручните соработници на училиштето;
- Одлучува за воспитни мерки; и
- Други работи утврдени во статутот на училиштето.
Органи на училиштето
Училишен одбор
Орган на управување на основното училиште е училишниот одбор. Училишниот одбор на основното училиште е составен од седум члена, и тоа: тројца претставници од наставниците, стручните соработници и воспитувачите од училиштето, тројца претставници од родителите на учениците и еден претставник од основачот. Мандатот на членовите на училишниот одбор е три години, а мандатот на претставниците на родителите е за период до завршување на основното образование на нивното дете, но не подолго од три години. Училишниот одбор од редот на своите членови избира претседател со мнозинство гласови од вкупниот број членови, по пат на тајно гласање. Одлуките на училишниот одбор се донесуваат со мнозинство гласови од вкупниот број членови.
Училишниот одбор на основното училиште ги извршува следните активности:
- Донесува статут на основното училиште;
- Предлага годишна програма за работа и извештај за работа на основното училиште до советот на општината;
- Донесува програма за развој на училиштето;
- Донесува програма за воведување на повисоки стандарди и други програми;
- Предлага финансиски план до основачот;
- Предлага завршна сметка до основачот;
- Објавува јавен оглас за избор на директор во најмалку три дневни весници кои се издаваат на целата територија на Република Македонија од кои еден од весниците кој се издава на јазикот што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните кои зборуваат службен јазик различен од македонскиот јазик;
- Врши интервју со кандидатите за директор;
- Предлага на градоначалникот на општината еден, односно двајца кандидати од пријавените кандидати на објавениот јавен оглас за избор на директор;
- Дава мислење до директорот за избор на наставниците, стручните соработници и воспитувачите;
- Поднесува предлог до директорот за престанок на работниот однос на лицата;
- Одлучува по приговорите и жалбите на вработените во основното училиште;
- Одлучува по жалбите на ученици, родители, односно старатели на ученици; и
- Други работи утврдени со статутот на основното училиште
Име | Презиме | Претставник од: | Функција | |
---|---|---|---|---|
1 | Андријана | Стојаноска | Совет на родители | Претседател |
2 | Маја | Велкоска | Совет на родители | Член |
3 | Наташа | Миладиноска | Совет на родители | Член |
4 | Дејан | Стојкоски | Наставен кадар | Член |
5 | Јованка | Алексоска | Наставен кадар | Член |
6 | Жаклина | Стојановска | Наставен кадар | Член |
7 | Анета | Сарџоска | Општина Кичево | Член |
Совет на родители
Советот на родителите делува во рамките на соработката на училишетето со родителите,заради разгледување на прашања од заеднички интерес за работата на училишетето и учениците, како и прашања поврзани со реализацијата на процесот на воспитнообразовнатата работа во училиштето. Бројот на членовите на Советот на родителите зависи од бројот на паралелките во училиштето. Преставникот од секоја паралелка го избират родителите на родителски состанок на паралелката во месец Септември односно со почетокот на учебната година, со мнозинство гласови од вкупниот број на родители на учениците од паралелката.
Советот на родителите:
- Дава мислење предлог програмата на училиштето и за годишната програма за работа на учлиштето;
- Расправа за извештајот за работата на училиштето како и за подобрување на успехот и поведението на учениците;
- Предлага програми за подобрување на стандардите во наставата;
- Дава согласност на предлозите на директорот за воведување на повисоки стандарди;
- Организитање на јавниот и културниот живот на учениците,спортски и други манифестации,заштита на животната средина во училиштето и надвор од него;
- Разгледува жалби на родителите во врска со воспитно-образовната работа;
- Избира тројца преставници во училишниот одбор, со непосредно и тајно гласање;
- Дава мислење за екскурзиите,настава во природа и планот за нивна реализација,кој неможе да се реализира доколку мислењето на Советот не е позитивно;
- Ги организира другите родители за учество и реализација на јавниот и културниот живот на училиштето;
- Ги ангажира родителите за собирање на финансиски средства за обновување на инвентарот,опремување на училиштето,помагање на ученици-социјални случаи и сл.;
- Активно учествува во реализација во меѓучилишната соработка во градот и надвор од него;
- Донесува одлуки за реализација на финансиските проблеми околу одржување на училиштето;
- Дава предлози и мислења до Наставничкиот совет и до Училишниот одбор за други прашања што се од интерес за учениците и училиштето.
Име | Презиме | Функција | |
---|---|---|---|
1 | Сања | Блажеска | Член |
2 | Ване | Кузманоски | Претседател |
3 | Дарко | Данилоски | Член |
4 | Елена | Веланоска | Член |
5 | Јасмина | Спасеноска | Член |
6 | Билјана | Миноска | Член |
7 | Маја | Велкоска | Член |
8 | Слободан | Митрески | Член |
9 | Зора | Соколеска | Член |
10 | Наташа | Миладиноска | Член |
11 | Даниела | Сиљаноска | Член |
12 | Слаѓана | Србиноска | Член |
13 | Маја | Дојчиноска | Член |
14 | Драгица | Петреска | Член |
15 | Виолета | Ванчоска | Член |
Ученички парламент
Заедницата на учениците е значаен сегмент во организацијата на животот и работата во училиштето. Заедницата на учениците е организирана во сите паралелки од петто до деветто одделение, а по правило учениците избираат претставници на заедницата на паралелката кои ќе учествуваат во работата на Ученичкиот парламент. Ученичкиот парламент ги сочинуваат претседателите на заедниците на паралелките.Првото свикување на ученичкиот парламент го врши директорот на училиштето.
Претседателот на Ученичкиот парламент се избира со мнозинство гласови од вкупниот број на претставници од претсдателите на заедниците на паралелките по пат на тајно гласање Ученичкиот првобранител се грижи за заштита и унапредување на правата на учениците во училиштето. Ученичкиот правобранител се избира со мнозинство гласови од учениците од седмо до деветто одделение по пат на тајно гласање.
Ученичкиот парламент ги извршува следните активности:
- Активно учествува во застапување и промовирање на правата и интересите на учениците;
- Го промовира ученичкиот активизам;
- Учествува во активности за обезбедување врсничка поддршка на учениците со посебни образовни потреба и во реализацијата на наставата и слободните активности;
- Учествува во подготовката на Годишната програма за работа;
- Дава предлог активности за годишни програми за екскурзии;
- Дава предлози за воннаставни активности на училиштето;
- Дава предлози за подобрување на ученичкиот стандард;
- Учествува во евалуацијата на работата на училиштето;
- Преку свои претставници учествува во Советот на родители и Наставничкиот совет;
- Органзира и учествуваат во хуманитарни активности, еколошки активности и опшествено корисна работа.
Ученички правобранител
Ученичкиот правобранител се грижи за заштита и унапредување на правата на учениците.Тој се избира од учениците од седмо до деветто одделение. Ученичкиот правобранител препознава прекршување на детските права и прибира поплаки од учениците и доставува приговори до директорот и училишниот одбор според пропишана процедура.Тој се избира со мандат по можност од 2 години. Правобранителот во училиштето работи според однапред изготвена програма.
Права на учениците во основното училиште:
- Право на задолжително бесплатно образование;
- Право на недискриминација (по пол, раса, боја на кожа, национално и етничко потекло, попреченост, род, државјанство, социјално потекло, образование, верско уверување, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, општествен статус);
- Право на ученичко организирање;
- Право на еднаквост и правичност;
- Право на инклузивно образование на учениците со ПОП;
- Право на образование на деца со странско државјанство;
- Право на образование на деца со надмината возрасна граница;
- Право на образование во домашни услови за ученици на подолго домашно лекување;
- Право на подршка во учењето за учениците со ПОП;
- Право на дополнителна подршка на ученикот кој покажува послаби резултати;
- Право на избор на додатна настава;
- Право на учество во воннаставните активности;
- Право на здравствена и социјална заштита;
- Право на достапност и пристапност до училишната библиотека;
- Право на запишување на ученикот во училиштето од реонот на кој припаѓа;
- Право на почитување на достоинството на ученикот (Забрането е телесно, психичко и сексуално малтретирање и казнување на ученикот и понижувачко однесување и постапување кон него);
- Ученикот има право и обврска да ја посетува наставата и да учествува во неа;
- Право на ослободување од учество во одделни активности во наставата базирано на потврда од соодветна установа;
- Право на оправдано изостанување од настава од 5 дена во текот на годината, или не подолго од 30 дена со дозвола од директорот;
- Право на организиран или бесплатен превоз ако местото на живеење е оддалечено најмалку 2 километри од најблиското основно училиште;
- Право на бесплате превоз за учениците со ПОП и за нивната придружба;
- Право на жалба до Училишниот одбор;
- Право на оценување на ученикот според член 138 и 139 од Законот за основно образование;
- Право на полагање одделенски испит доколку ученикот од оправдани причини не е оценет;
- Право на слободно изразување на мислењето без да се повредуваат правата на другите;
- Право на заштита од насилство, злоупотреба или занемарување на ученикот;
Организација на настава
Организирањето на учебната година и одморите на учениците се утврдуваат со календарот за организација и работа на основните училишта.
- Учебната година во основното училиште започнува на 1 септември 2024, а завршува на 31 август 2025 година.
- Наставната година ја сочинуваат две полугодија - I и II полугодие.
- Првото полугодие започнува на 2 септември 2024 и завршува на 30 декември 2024 година.
- Второто полугодие започнува на 20 јануари 2025 година и завршува на 10 јуни 2025 година.
Опис | Линк |
---|---|
Календар за организација и работа за 2024-25 година | Преглед |
Во основното училиште воспитно-образовната работа се организира и остварува според наставен план и програми, кои на предлог на Бирото, ги утврдува министерот.
Опис | Линк |
---|---|
Наставен план за учебната 2024/25 година | Преглед |
Наставни програми за основно образование | Преглед |
ООУ “Христо Узунов” с. Другово ќе работи во две смени и тоа:
- Прва смена - учениците од шесто до деветто одделение (8:00-13:25)
- Втора смена - учениците од прво до петто одделение (13:30-17:20)
Нова концепција за основното образование
Концепцијата подразбира нов образовен модел на едукација преку кој секое дете ќе може да го достигне својот полн потенцијал. Во новиот модел нема кратење на научни дисциплини и содржини и нагласено е интегрираното изучување на предметите (разгледување на една тема/појава од повеќе аспекти, преку повеќе предмети).
Ресурси
Опис | Линк |
---|---|
Усвоена концепција | Преглед |
Наставни програми за слободни изборни предмети | Преглед |
Насоки за организација на наставата | Преглед |
Национални стандарди | Преглед |
Податоци за бројот на ученици
I | II | III | IV | V | I-V | VI | VII | VIII | IX | VI-IX | I-IX | |
---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|---|
Централно | 10 | 8 | 11 | 11 | 13 | 53 | 9 | 16 | 17 | 16 | 58 | 111 |
Брждани | 0 | 0 | 0 | 1 | 1 | 2 | / | / | / | / | / | 2 |
Србјани | 2 | 1 | 1 | 1 | 7 | 12 | / | / | / | / | / | 12 |
Подвис | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | 0 | / | / | / | / | / | 0 |
ВКУПНО | 12 | 9 | 12 | 13 | 21 | 67 | 9 | 16 | 17 | 16 | 58 | 125 |
Документи
Е-Училиште
Опис | Линк |
---|---|
Електронски дневник | Е-Дневник |
Електронски учебници | Е-Учебници |
Едуино | Едуино |
Едуино настава | Е-Училница |
Едуино платформа | Ран детски развој |
Биро за развој на образованието | БРО |
Министерство за образование и наука | МОН |
Систем за електронски услуги | МОН Е-Услуги |
Упатство за упис во средно на Е-Услуги | Упатство |
Microsoft 365 | Microsoft 365 |
Microsoft Teams | Microsoft Teams |
УСАИД Северна Македонија | УСАИД |
Британски Совет во Северна Македонија | Британски совет |
Соопштенија
Почитувани ученици, родители и наставници, Ве известуваме дека стартот на второто полугодие за основното образование се одлага за 1 февруари. Оваа одлука е донесена на вчерашната втора седница на Владата во интерес на заштита на здравјето, согласно епидемиолошките информации дека земјата се наоѓа во пик на заразата. Одлуката второто полугодие да продолжи на 1 февруари нема да влијае на крајот на учебната година и таа ќе заврши на 10 јуни, со соодветна адаптација на наставните планови.
Објавено на: 18.1.2022 во 13:00 часот
Им се соопштува на сите ученици од I до IX одделение дека оваа учебна година наставата ќе започне со физичко присуство со почитување на пропишаните протоколи за заштита од COVID-19.
Објавено на: 31.9.2021 во 09:00 часот
Проекти
Ажурирано на: 31.10.2024 во 12:54 часот
eTwinning
Учебна 2024/25
- Music story;
- International Friendship.
Учебна 2023/24
- Music&Nature;
- ECO - Sustainable Ecological schools;
- My home.
Учебна 2022/23
- Traditional toys and games of my region/Tradicijske igračke i igre moga kraja;
- Tales of Cities and Their People;
- A Fun Learning Journey "STEM";
- Culture in the kitchen.
Учебна 2021/22
- My school, My city, My region – Награден со национална и европска ознака за квалитет;
- Come try it out for try – Награден со национална и европска ознака за квалитет;
- Recycling Will Be Good For Us – Награден со национална и европска ознака за квалитет;
- B.B.C: Building Bridges Creatively – Награден со национална и европска ознака за квалитет;
- Recycle for a better future – Награден со национална и европска ознака за квалитет.
Учебна 2020/21
- My town in European union – Награден со национална и европска ознака за квалитет;
- Bringing My Dreams Together With The Sky – Награден со национална и европска ознака за квалитет;
- Trace of my family, ME – Награден со национална и европска ознака за квалитет;
- The history of my country – Награден со национална и европска ознака за квалитет;
- We learn through art;
- Laughter is the best medicine.
Erasmus+
- Еrasmus project KA210 - Everything starts with health (2023-2025);
Информации од јавен карактер
2020
Нема поднесени барања за пристап до информации
2021
Нема поднесени барања за пристап до информации
2022
Нема поднесени барања за пристап до информации
2023
Барање за објекти за спорт ЛИНК
Одгoвор на барањето ЛИНК
За патронот на училиштето
Христо Димитров Узунов или познат како Арсениј, Арсо, Дуле, Маглата, Ристо, Самуил или Дуле Узунов (Охрид, 22 октомври 1878 – Цер, 24 април 1905 — македонски револуционер, учител, војвода и реонски началник на четите на Македонската револуционерна организација во Охридскиот револуционерен округ. Се школувал во Солун и учествувал во солунските училишни бунтови (1896). Лежел во битолскиот Централен затвор Катилане (1898 и 1902–1903). Од 1903 година бил поставен за главен војвода на охридските револуционерни чети. Учествувал на Смилевскиот конгрес. Во Илинденското востание бил член на Горското началство (Штабот) за Охридскиот револуционерен реон. Учествувал во спасувањето на збегот од Рашанец на ок. 200 семејства. На Прилепскиот конгрес бил избран за секретар и за окружен ревизор на четите на МРО за Охридско, Струшко и Кичевско. Загинал со четата опколен од турска војска.
Татко му Димитар Узунов бил долгогодишен учител и борец за независна црква, близок и роднина на Григор Прличев, а неговата мајка Анастасија Узунов потекнува од стариот струшки просветистелски род Чакарови, таа е ќерка на Георги Чакаров, и е прва братучетка на Христо Матов и Милан Матов. Христо Узунов, заедно со двајцата свој помали браќа Андон и Ангел (исто така дејци на Македонската револуционерна организација) бил воспитуван од мајка си во патриотски дух.
Писмо до неговата мајка
Мила ми мајко, Јас сум прв твој син и мој долг е да бидам околу тебе, за да не чувствуваш потреба од ништо. За твојата беспределна љубов, за илјадите неволи и сраданија, за безбројните бессони и машителни ноќи, поминати некогаш над леглото над твојот мал, слабичок Луле, јас должам најголеми грижи и неизмерна синовска љубов. Но, можам ли, кога ги чувствуам болките на нашата измачена Татковина, да не се оддадам со љубов на најверен син на нејзиното свето дело? - Маките на татковината се повеќе од сите страданија на секоја наша мајка. И јас - без ни најмалку да те навредувам - се чувствувам повеќе син на втората моја мајка - Македонија, отколку на тебе, која си ме родила. Те молам - во името пак на моите свети чувства кон тебе - да не жалиш, ни да плачеш за мене. Најдоволен ќе се чувствувам, ако ти со своето држење бидеш за пример на другите мајки и сопруги.
Песна за Христо Узунов
Неговата херојска смрт е опеана во Песна за Христо Узунов
И таму е мојта родина,
далеку Македонија,
јас сакам таму да загинам,
а ти ме забрави за век…
…Не жали мила моја родино,
и сите ми другари мој,
ако Христо Узунов падна,
на врагот жив не се даде.
Контакт
Адреса
ул. "Гоце Делчев" бр. 31, с. Другово-Кичево
Телефон
- +389 45 266 177
- +389 70 288 608
Електронска пошта
- ou-hristouzunov-drugovo-drugovo@schools.mk
- hristouzunov.cou.drugovo@gmail.com
Локација
Последни измени: 31-10-2024 чет. 12:55